Se Kje Bide - MEF

Se Kje Bide - MEF

  • 출시년도: 2014
  • 언어: 마케도니아 어
  • 지속: 3:25

아래는 노래 가사입니다. Se Kje Bide , 아티스트 - MEF 번역 포함

노래 가사 " Se Kje Bide "

번역이 포함된 원본 텍스트

Se Kje Bide

MEF

И знам дека секој ден е посебен

Па сум среќен и спремен да дадем што е можно повеќе

И моите луѓе овде се

Старите ствари времето каде ги однесе?

Но донесе и нови нешта, од кои не сакам да бегам

Гледам за подобро време, а времето е сега

Зашто живееш само еднаш (само еднаш)

И се ќе биде ко што треба, си велам

Во тие денови кога го мразам светот

Кога е стварно тешко и барам излез од ова место

Бегство е музиката, секој ритам текстот

Дел од животот што го живам заедно со

Луѓето што се со мене во денот нов

Почит од почеток па се до гроб

Па овој хип хоп ни е живот

Една љубов со тимот под небо сино

И сакам да е мирно, да бидат сите среќни

Да не мислам за утре и за тоа што ми пречи

Да нема лоши вести и срања што не ебат,

Но сепак животот е борба, но се ќе биде ко што треба

И се ќе биде ко што треба

И се ќе биде ко што треба,

Но и да биде се наопаку, ќе го свртиме светот

После секое срање на крајот доаѓа моментот кога

И се ќе биде ко што треба

И се ќе биде ко што треба

Како што времето проаѓа, се на место си доаѓа

Се ќе биде ко што треба, само имај верба

И се ќе биде ко што треба, гледам

Стварите се битни зошто вредат, сега

Ти немај трема за неисполнета желба

И сите пропаднати дела без никаква цена

Има потреба за промена макар и да е последна

За слика подобра во која секој пак ќе прогледа,

А сакам чиста насмевка низ облакот од сивило

Во која живимо оставени на цедило

За да е безболно внатре во пеколот

Бирај ти чекори да одиграш перфектно

Сакам да не е сеедно, да нема безвредно

И џебот твој да е полн се почесто

Борба до коска за промена на оска

Без награда и оскар, борец ко Благоја Тоска

Уличен поет, регуларен daydreamer

Подобро утре и секој ден да е пример

Некогаш само сакам да станам од спиење мирен

Да немам еден проблем, да речам животов фин е,

Но како да сум позитивен ко да сум без лик ни име

Кога барам насмевка, а секој втор е депресивен?

Но има луѓе кои се грижат за мене

Кои се секогаш во пресрет дали врне ил вее

Ме демне несреќа отсекогаш, но борец сум од дете

Ја рипам секоја пречка, но висока е денес

Како цени за живот па затоа мразам пари

Пред мои очи се распаднале семејства млади,

А млади луѓе дремат во спортска ко во затвор

Мислејќи е единствен излез покрај бугарски пасош,

А зашто?

Дека сме родени овде,

Но пробај затвори очи, слушни го ритмот и ќе пројде

Како лош сон начин да избегаш од овде

Утре е нов ден па што е твое ќе си дојде

아티스트의 다른 노래:

200만 개 이상의 가사

다양한 언어로 된 노래

번역

모든 언어로 고품질 번역

빠른 검색

몇 초 만에 원하는 텍스트를 찾으세요